Утрински Весник
Спорт

Флик потпиша договор со Барселона

Flik Barsa.jpg

Ханси Флик, поранешниот фудбалски селектор на Германија и тренер на трофејниот бундеслигаш Баерн Минхен е нов тренер на Барселона. Шпанскиот гигант и Флик потпишаа договор до јуни 2026 година. Тој е трет германски тренер на клупата на Барселона и прв по 41 година. Човекот кој ја освои тројната круна со Баерн во 2020 година ќе го замени Чави на клупата на Барселона. Флик пред Баерн беше тренер на Викторија Баментал и Хофенхајм, а откако доби отказ во Минхен стана селектор на Германија. На оваа функција не се прослави, бидејќи не успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство во Катар. По Мундијалот поради серијата порази доби отказ.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ