Утрински Весник
Свет

Во индискиот главен град рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови

572091 0.basic Indja.jpg

Температурите во главниот град на Индија вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти владиното метеоролошки биро.

Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ги забележа температурите на две станици во предградијата на Делхи во Нарела и Мунгешпур.

Синоптичарите најавуваат слични температури и денеска. Во мај 2022 година, делови од Делхи достигнаа 49,2 степени Целзиусови (120,5 Фаренхајти), објавија тогаш индиските медиуми.

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади