Утрински Весник
Свет

Протести во Париз поради израелскиот напад врз Рафа

Picture 889 660x487 1.jpg

– Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во главниот град на Франција, Париз поради израелскиот напад врз Рафа. Демонстрантите носеа голем транспарент на кој пишуваше „Стоп за геноцидот“.

Француската еврејска унија за мир, од своја страна, истакна транспарент „Евреите и антиционистите се залагаат за еднакви права“.

Насобраниот народ извикуваше „Израел е убиец, Макрон е соучесник“, „Сите сме деца на Газа“ и „Израел ги убива децата на Палестина“.

На митингот беа истакнати партиските знамиња на француската радикална левица, синдикатот и организацијата „Палестинска револуција“.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД