Утрински Весник
Македонија

Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Viber Image 2024 03 27 12 07 56 674 1.jpg

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ=6

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

И во четврток ќе има повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени. Сепак во попладневните часови можна е изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс

40 степени измерени во Скопје во 14 часот (ФОТО)

За 8 часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл