Утрински Весник
Балкан

(Видео) Протести во Тирана со експлозии пред влезот на Градското собрание

Screenshot 2024 05 28 184912.jpg

Граѓаните повторно се собраа пред собранието на град Тирана, каде се одржа нов протест со барање за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, јавува „Vox News“. Тензиите се зголемија по говорите на претставници и активисти на опозицијата. Овој протест, според написите, започна со факели и молотови коктели. Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон влезот на Градското собрание во Тирана, додека десетици полицајци стоеја пред нив. Медиумот пренесува дека молотовите коктели не ги погодиле полицајците, туку експлодирале на влезните скали на Градското собрание.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31