Утрински Весник
Магазин

Поранешната сопруга на Бил Гејтс донира милијарда долари за правата на жените и семејството ширум светот

Melinda French Gates.jpg

Поранешната сопруга на Бил Гејтс е една од најбогатите жени во светот, а своето богатство несебично го споделува со здруженијата чија работа ја поддржува. Мелинда Френч Гејтс одлучи да донира милијарда долари за правата на жените и семејството ширум светот, а одлуката е поттикната од неодамнешните настани на глобално ниво.

Мелинда Френч Гејтс е вознемирена поради политичкото насилство врз жените и загрижена за здравјето на мајките на глобално ниво, а особено била вознемирена што жените низ американските држави го изгубиле правото да ја прекинат бременоста во речиси сите околности.

„Остануваме единствената напредна економија без каква било форма на национално платено семејно отсуство. А, бројот на тинејџерки кои доживуваат самоубиствени мисли и постојани чувства на тага и безнадежност висок е со децении“, напиша таа, додавајќи: „И покрај итната потреба, само околу 2% од добротворните донации во Соединетите држави одат во организации насочени кон жени и девојки, а само околу половина процентен поен оди на организации насочени конкретно на обоените жени“.

Таа посочи дека жените се многу одговорни за напредокот на светот и економијата и нагласи дека вклученоста на жените во политиката е поврзана со намалена корупција и дека мировните договори се поиздржливи кога жените се вклучени во нивното пишување.

„Колку и да е шокантно да се мисли, мојата едногодишна внука може да порасне со помалку права отколку што имав јас“, напиша Френч Гејтс во Њујорк Тајмс.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува