Утрински Весник
Свет

Данскиот парламент го отфрли признавањето на државата Палестина

Uploads Thumbs Resize 800x420 370861.jpg

Во данскиот парламент денеска беше отфрлен предлог-законот за признавање на државата Палестина, откако министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека недостасуваат „неопходните услови“ за признавање на државата Палестина.

Законот беше предложен од четири левичарски партии кон крајот на февруари, а министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен рече дека не е можно да се признае државата Палестина кога нацрт-законот првпат беше дискутиран во април.

„Не можеме да признаеме независна палестинска држава од единствена причина што предусловите всушност не постојат. Не можеме да ја поддржиме оваа резолуција, но сакаме да дојде денот кога ќе можеме“, рече Расмусен.

Пратениците во данскиот парламент гласаа откако Шпанија, Ирска и Норвешка претходно денеска ја признаа државата Палестина.

Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека Шпанија ја признава палестинската држава која ги вклучува Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град, додека норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде истакна дека Норвешка е „еден од најжестоките бранители на палестинската држава повеќе од 30 години“.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30