Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: Ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи

Ovana Mo Soska Scaled 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на политичката партија Левица:

За каузата на Левица зборуваше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.

Мојсоска го потенцираше она што често се гледа во Собрание како: трансферот на пратеници, Преспанскиот договор…

– Она што ние и го докажавме во претходниот мандат е дека не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име… Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата ,Бугари во Устав’ – ние попрво во затвор би лежеле, отколку да гласаме за Бугари во Устав – истакна Мојсоска.

Оттука, ваквиот начин на дејствување на Левица е препознат и поддржан од народот. 

– Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат – додава Мојсоска. 

– И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат – како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови – поентираше првата жена – пратеничка и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?