Утрински Весник
Спорт

Бостон прв финалист во НБА плејофот

20240528075805 Big 730x400 86.webp.webp

Тимот на Бостон ноќеска ја победи Индијана со 105:102 на гостински терен во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.

Ова беше четврта победа на исто толку натпревари за Селтикс во конференциското финале на Источната конференција по што обезбедија учество во големото финале.

Најефикасен играч во победничката екипа, водно и на натпреварот беше Џејлен Браун, кој постигна 29 поени.

Противник на Бостон селтикс ќе биде победникот од двојката Далас – Минесота (3:0 по третиот меч од серијата).

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата