Утрински Весник
Македонија

ИО на СДСМ: На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ

3 2.jpg

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.

Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација.

На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема” во Скопје

Општина Аеродром го урива „теснецот“ кај Џевахир

Мицкоски: Има доволно нафта и нафтени деривати