Утрински Весник
Македонија

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија

Screenshot 2024 05 27 175808.png

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката минале 170 пациенти кои не се внесени во „Мој термин“. Разрешена од функцијата е и Александра Ефтимова која од 2011 раководи со проектот за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Не му дала извештај на министерот кои се странските експерти на кои државата им плаќа дневница од 700 евра за надгледување и помош во работата на лекарите. До неевидентираните пациенти дошол откога формирал комисија да ги испита соменжите во јавноста за наводна зголемена смртност на клиниката. По сомнежите во јавноста за зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, Демири формирал комисија да ги испита сомнежите. „Извештајот кој го добив во петокот кажува дека нема значајна поврзаност по инсуинациите дека е зголемена смртноста меѓутоа има друг податок, тоа денеска го дознав, дека има 170 пациенти кои не се внесени регуларно во ‘Мој термин’ и немаат отпусно писмо или прилог умреница. Таквите пациенти, бројката на смртност сигурно може да ја сменат. Затоа денеска одлучив ова да го суспендирам, му престанува функцијата медицински директор на доктор Шукаровски. Тоа е една од причините, друга причина се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција. Во една таква врвна институција едноставно се недозволиви такви нарушувања на односи“, рече министерот Демири нагласувајќи дека не сакал да разрешува оти е на заминување од функцијата. Во пакет со Шокаровски министерот ја резреши и Ефтимова која, како што вели, не му дала список на експерти кои добиле дневници по 700 евра за помош на Клиниката. „ Јас побарав извештај од Александра Ефтимова која ја води програмата од 2011 година, и таа е разрешена од позицијата, комплетно со комисијата бидејќи не даваат извештај кои се тие светски познати експерти кои доаѓаат од Република Србија, наводно од центарот Дедиње. Во присуство на такви познати светски експерти, кога државата плаќа толку пари, зошто да има таков исход и таква смртност. Тоа е една од причините и се надевам дека ќе дојдам до тој извештај“, рече министерот Демири. Клиниката за кардиохирургија ја тресат скандали цела година. Разрешувањето на Сашко Јовев од функцијата директор ги изнесе на протест вработените кои јавно му дадоа поддршка откога Фатмир Меџити, тогашен министер за здравство, го разреши оти „не дозволува да има директори што спијат“. На негово место го назначи Шокаровски кој само неколку месеци подоцна во полиција пријави дека бил нападнат од неговиот претходник директорот Јовев. Министерот во заминување го разреши и медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски поради наводно несовесно работење.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар