Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова доби покана за учество на Самитот за мир во Украина

Foto 2 2 1.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина Лариса Дир, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поканата упатена од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води.

Можете да прочитате

Инспекциите потврдија: Нема криење залихи на гориво, следуваат засилени контроли во маркетите

Продолжи судењето за „Онкологија 2“

Ниту еден воз од Скопје денеска не пристигна во Битола