Утрински Весник
Балкан

За убиството на Данка Или се сослушуваат нови сведоци

Danka2.jpg

Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар денеска треба да бидат сослушани нови сведоци во врска со истрагата против Д.Д и С.Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Како што пишува Euronews.rs, денеска и утре во обвинителството треба да бидат сослушани нови сведоци, вкупно четворица.

Неодамна обвинителството добило невропсихијатриско вештачење на осомничените во кое се наведува дека осомничените биле здрави во моментот на убиството.

Од обвинителството претходно изјавија дека е завршен дел од ДНК-испитувањето на примероците земени од и од автомобилот што го управувале осомничените, а на нив не е пронајдена ДНК на девојчето.

Покрај Д.Д. и С.Ј., во притвор е и таткото на Д.Д., кој е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.

Братот на Д.Д. почина на 7 април во просториите на Полициското одделение во Бор при приведување.

Двегодишната Данка исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор.

По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажник на автомобил и го однесле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Можете да прочитате

Драма во Зеница: Маж осуден за воени злосторства дошол во полициска станица и се заканувал со бомба

Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите

Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад