Утрински Весник
Спорт

Француската полиција уапси десет навивачи на Лион и ПСЖ поради нереди пред финалето на Купот

I 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Француската полиција уапси 10 навивачи поради нереди пред финалето на Купот на Франција меѓу Пари Сен Жермен и Олимпик од Лион.

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Купот на Франција, откако синоќа во Лил го победија Лион со резултат 2:1. На натпреварот му претходеле судири меѓу приврзаниците на двата клуба, кои се случиле во саботата доцна попладне на автопатот кај Лил.

Еден автобус беше запален, а два други беа оштетени во немирите во кои учествуваа повеќе од 200 навивачи. Инцидентот се случил и покрај тоа што автобусите на приврзаниците биле придружувани од француската полиција.

Во соопштението на француската полиција се наведува дека во таа прилика биле повредени 30 навивачи, како и осум полицајци.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер