Утрински Весник
Спорт

Леброн се откажува од 51 милион долари и ги напушта Лејкерси

Lebron.webp.webp

Битката за плејофот во НБА е во полн ек, но Леброн Џејмс го привлече вниманието на јавноста и покрај елиминaцијата на Лос Анџелес Лејкерс.

Поточно, тоа го направи неговиот агент Рич Пол, кој за телевизијата ТНТ откри дека Леброн ќе стане слободен играч, а негова работа ќе биде да му најде нов клуб.

Минатото лето „Кралот“ потпиша двегодишен договор со клаузула која му овозможува да одлучи дали ќе ја заврши втората сезона од договорот.

Леброн би заработил 51,4 милиони долари доколку одлучи да остане, но по разочарувачките резултати од плејофот во последните години, сериозно размислува за нов предизвик пред официјално да се пензионира.

-Леброн е слободен играч. И морам да се фокусирам, ме чека работа да му најдам клуб – изјави Пол.

Можете да прочитате

Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип

„Заншин До“ со четири медали и пласмани на светско и балканско првенство