Утрински Весник
Свет

Трамп: Ќе го запрам маршот на Бајден кон Третата светска војна

Tramp.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, говорејќи на Националната конвенција на слободата во Вашингтон, вети дека доколку биде реизбран, меѓу неговите врвни приоритети ќе биде постигнување крај на конфликтот меѓу Русија и Украина и ќе ја запре третата светска војна.

„Дури и пред да се вратам во Овалната соба по победата на изборите, ќе ставам крај на страшната војна меѓу Русија и Украина за да можеме да престанеме да трошиме стотици милиони долари на туѓи конфликти и да спасиме илјадници и илјадници животи“, рече Трамп.

Политичарот не откри детали како точно има намера да постигне таков резултат. Дополнително, поранешниот американски претседател вети дека ќе ги „врати мирот и стабилноста“, како и „ќе го запре маршот на Џо Бајден кон третата светска војна“.

Знаете дека одиме кон Трета светска војна, нели?

Веднаш додаде дека ваква војна, доколку биде покрената, би била без преседан по нејзините размери и карактер.

Можете да прочитате

Иран: Сè уште не сме го употребиле „целото наше напредно оружје“

Хамнеи ќе биде погребан во светиот град Машхад

Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, вели Трамп