Утрински Весник
Македонија

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Screenshot 2024 05 25 232425.png

Во просториите на Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ вечерва, како што информираат од партијата, се одржала средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ и на ВМРО –ДПМНЕ, на која се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка. 

Од страна на Движењето ЗНАМ на средбата присустувале генералниот секретар, Горан Минчев и потпретседателоте Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски, додека од стран ана ВРМРО-ДПМНЕ, потпреседателите на партијата Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

– Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи, се вели во соопштението од ЗНАМ. Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ, како што информираат, инсистирале сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма. 

Можете да прочитате

Од денеска на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија повторно ѝ се оспорува идентитетот и јазикот

Давкова: Шокирана сум, 40% од администрацијата не работат, a тоа е неодржливо за економијата