Утрински Весник
Балкан

Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор

20240525081508 Big 730x400 17.webp.webp

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала,синоќа изјави дека косовската влада нема да го спроведе нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство предложен од Европската унија доколку Србија не ги исполни обврските  што произлегуваат од Бриселскиот договор.

„Не го спроведуваме тој нацрт, што е во рамки на бриселскиот процес, без Србија да се обврзе да го спроведе својот дел од работата. Затоа треба да ги раздвоиме работите, или ќе се занимаваме со Заедницата во Брисел или ќе се занимаваме со тоа во Косово, но не можеме да ги поврземе двата процеси заедно“, изјави Гервала за албанската програма на Гласот на Америка.

Таа рече дека минатата есен владата на Косово испратила свои коментари за таа верзија, но досега не добила одговор.
„Тој документ не можеме да го доставиме до Уставниот суд во формата во која е и во условите во кои е доставен“, рече Гервала. 

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија