Гугл објави дека планира да изгради оптички кабел кој ќе оди од Африка до Австралија.
Овој кабел ќе се вика Умоја (свахили збор за „единство“) и ќе започнува во Кенија, ќе поминува низ Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, па сè до Индискиот Океан.
Google вели дека проектот е дизајниран да ја „зголеми дигиталната поврзаност, да го забрза економскиот раст и да ја продлабочи отпорноста низ Африка“.
Покрај самиот кабел, компанијата вели дека ќе работи со кениската влада за зајакнување на сајбер безбедноста, иновациите водени од податоци, дигитално надградување и одговорно и безбедно распоредување на вештачката интелигенција.
„Новата интерконтинентална рута со оптички влакна значително ќе ја подобри нашата глобална и регионална дигитална инфраструктура“, напиша кенискиот претседател Вилијам Руто за иницијативата во блог пост на Google.
„Оваа иницијатива е клучна за да се обезбеди стабилност на поврзувањето на нашиот регион со остатокот од светот, особено во светлината на неодамнешните нарушувања предизвикани од сечењето на подморскиот кабел“, додаде тој.
„Со зајакнување на нашиот дигитален столб, не само што ја подобруваме доверливоста, туку и го отвораме патот за поголема дигитална вклученост, иновации и економски можности за нашите луѓе и бизниси“, заклучи тој.