Утрински Весник
Свет

Здравствената состојба на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување

Screenshot 2024 05 24 172127.jpg

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо. „Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс. Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата. Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операција. Словачкиот суд во саботата одлучи Цинтула да биде задржан во притвор, а тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Можете да прочитате

Ле Пен најави дека ќе се кандидира за претседателка на Франција

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор, се надевам на брза средба меѓу Путин и Зеленски

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран