Ракометната репрезентација на Македонија на 29 мај ќе ги дознае противниците со кои ќе се сретна во првата фаза на Светското првенство чии домаќини наредната година ќе бидат Хрватска, Данска и Норвашка.
На ракометниот Мундијал ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи.
Во пресрет на ждрепката домаќините си одбраа по една група за себе и дополнително уште една група во која сместија по една репрезентација.
Надежите дека Хрватска ќе ја „стави“ Македонија во една од групите паднаа во вода откако Хрватите си ја избраа групата Х во Загреб, Словенија ја сместија во групата Г која исто така ќе се игра во Загреб, за Унгарија ја одбраа групата Д во Вараждин, а во Ц групата, во Пореч ќе игра Австрија.
Данска си ја избра Б групата, а Германија ја сместија во групата А, додека Норвежаните го избраа Осло и Ф групата, а на Шведкса и ја доделија групата Ф.
Ждрепката за Светското првенство во ракомент ќе се одржи на 29 мај, со почеток во 19.30 часот во Загреб.
Македонија е во третиот шешир заедно со Полска, Бразил, Катар, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир.