Утрински Весник
Македонија

Стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус 

Logo Aco Sopov.jpg

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија” објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов” на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми.

Имаат право да конкурираат студенти запишани на втор и трет циклус студии, чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат, чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов, и кои во текот на студиите постигнале најмалку 8 просечен успех.

Можете да прочитате

ДУИ: Државата изгуби 40 милиони евра од Планот за раст на ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ не се реформирани туку рециклирани

Несреќа во Србија: Македонски автомобил излетал – едно лице загина, едно тешко повредено