Утрински Весник
Економија

Меѓународна конференција за предизвиците и потребите на жените претприемачки

Zhena.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Занаетчиска комора – Скопје денеска ќе се одржи Меѓународна конференција на тема „Предизвиците и потребите на жените претприемачки“. Најавено е учество на жени претприемачки од Украина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија, а целта е размена на искуства во областа на занаетчиството и споделување знаења за справување со кризи како здравствената, економската и воената, со кои се соочи светот во изминатиот период.

На настанот ќе се обрати извршниот директор на Занаетчиска комора Кобленц, Ралф Хелрих, а ќе се доделат и мајсторски дипломи за квалификација фризер и козметичар, како и плакети на три жени претприемачки во занаетчиството.

-Жените занаетчии секојдневно се судруваат со низа проблеми во своето функционирање: дефицит на кадар, подршка за водење бизнис, а економската, здравствената и воената криза дополнително ги оптоваруваа занетчетчиите при вршењето на дејноста. На дводневната меѓународна конференција ќе се дискутира за проблемите со кои се соочуваат жените од РС Македонија, Украина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија и каков тип на подршка добиваат за вршење на дејност, наведува Занаетчиската комора.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”