Утрински Весник
Македонија

ДЗР ќе ги презентира конечните ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“

20240521171837 Big 730x400 95.webp.webp

Државниот завод за ревизија денеска ќе биде домаќин на претставниците од Врховните ревизорски институции на Србија и Словачка, на настанот поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на кој ќе бидат презентирани националните Конечни ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“, како и Заедничкиот ревизорски извештај за паралелната ревизија спроведена помеѓу Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Република Србија.

Како што најавуваат од ДЗР, презентација на настанот ќе има Љубица Газдова, генерален директор на Врховната канцеларија за ревизија на Република Словачка која ќе се осврне на тема „Рамка за ЦОР во Република Словачка и ревизорски работи“.

На настанот свои обраќања ќе имаат Максим Ацевски, главен државен ревизор во Државен завод за ревизија на Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка, Невена Јовановиќ, амбасадор на Србија, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, Душко Пејовиќ, претседател и генерален државен ревизор во Државна ревизорска институција на Србија, Љубомир Андраши, претседател на Врховна канцеларија за ревизија на Словачка.

Можете да прочитате

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15