Утрински Весник
Македонија

Гостиварското срце во боите на Македонија: Кирилица и Глаголица на градскиот натпис

Img 8341.jpeg

Срцето од натписот со името на градот Гостивар се „облече” во македонското знаме и букви на кирилско писмо и од глаголицата. Иницијативата ја покрена Ема Нешковска и советничката група на СДСМ во чест на претстојниот празник посветен на светите браќа Кирил и Методиј, како и за Денот на македонското знаме, 15 мај.

„Ваквата активност е иницирана во пресрет на 24-ти мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи, меѓу кои и македонскиот.“, подвлече Нешковска.

Тие додаваат дека со исцртувањето на македонското знаме, во чест на 15-ти мај, Денот на македонското знаме, се испраќа порака за важноста од почитувањето на државните симболи и обележја.

Можете да прочитате

Авион, хеликоптер и БТР го гасат пожарот во Трубарево

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите 

Одбележување на 30 години дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави