Утрински Весник
Македонија

Со измама на 75 годишна жена од Кочани и биле земени 4.000 евра

Policija 2.jpg

Во Кочани, 75 годишна жена била излажана од едно лице дека нејзиниот внук прегазил мигрант во Германија, за што и побарал пари за да му помогне. „Во Одделението за внатрешни работи Кочани, 75 – годишна жена од Кочани синоќа пријавила дека била измамена од едно лице, соопшти МВР. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра. Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари“, наведуваат од МВР. За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Можете да прочитате

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Уставен суд: Прашањето за пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание

Нема да се плаќаат никакви давачки на курирските служби што ги доставуваат пратките од Тему по воведувањето на ДДВ