Утрински Весник
Македонија

Откажана сезонската авиолинија Скопје – Крф

Let 406617.jpg

Од комерцијални причини, планираната директна сезонска линија од Скопје за островот Крф нема да биде воведена, дознава дописничката на МИА од Атина, од извори од грчката авиокомпанија „Егеан Ерлајнс“.

Иако конкретното авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен на 1 јуни годинава, сепак директната линија е откажана и нема да се воведе.

Според истите извори на МИА од „Егеан Ерлајнс“ линијата меѓу Скопје и Атина продолжува регуларно да функционира, како и досега и не постојат промени во поврзувањето на двата главни градови. 

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт