Утрински Весник
Скопје

Нема да има рингишпил пред Борис Трајковски МВР даде наредба за отстранување

Img 6972 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20.05.2024г. Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.  

Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”

Сериозен случај на семејно насилство во Карпош: Маж нападнал сопруга и мајка