Утрински Весник
Балкан

Трагедија во Тузла, маж ги убил сопругата и двете деца, па скокнал од балкон

2281579.jpeg

Три лица, од кои две деца, се убиени во Тузла во Босна и Херцеговина, а човекот кој е веројатниот сторител на тоа злосторство потоа се самоубил, објавија во понеделник локалните медиуми.

Полицијата интервенирала во неделата вечерта по пријава дека маж скокнал од балкон на станбена зграда во населбата Ступине во Тузла.

На местото го пронашле безживотно тело на мажот и почнале истрага, а дури во понеделникот влегле во станот во кој било утврдено дека тој престојува и таму ја нашле мртвата сопруга и двете деца.

Повикувајќи се на неофицијални извори, порталот tuzlanski.ba наведува дека се работи за сопругата и децата на мажот кој се фрлил од балконот.

Полицијата под надзор на обвинител води истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград