Утрински Весник
Македонија

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме – Можни се локални поројни поплави

Messenger Creation 39048ffa 7cc8 464b 9f72 Ef51e6007241.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

До самиот крај на месец Мај во Македонија ќе се задржи значително топло со макасимални температури кој ќе бидат околу просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, но и понатаму ќе биде многу нестабилно.

Често, и тоа особено во попладневните и во вечерните часови ќе се развива нестабилна облачност, на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно останува и во Скопскиот регион, во попладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Високите температури кои ги имаме и топлиот бран од југ, позначително ја загрева Атмосферата и ја исполнива со многу енергија.

Токму поради ова до самиот крај на овој месец, локално ќе се создаваат услови за локално, но по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да услови локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град, кој би можел да биде и покрупен.

Токму поради ваквата состојба апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат и да се ставаат подалеку од дрвјата.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег