Утрински Весник
Македонија

Прегласување на седум изборачки места во петата и шестата изборна единица во среда

1713599440 Izbori.webp.webp

Прегласување на седумте избирачки места во петтата и шестата изборна единица ќе се одржи в среда на 22 мај, Одлуката за прегласување ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места. 

ДИК на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации