Утрински Весник
Економија

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Nagradeni 2024g. 1.jpg

На свеченото доделување на наградите на манифестацијата „Најуспешни жени менаџерки за 2024″, организирана од агенцијата „Марили” за најуспешни менаџерки беа прогласени десет менаџерки од Р.С.Македонија и три од Р.Србија и Р.Хрватска.

Годинашни лауреатки од земјава се Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, Катерина Бошевска – генерален директор на ЕОS Македонија и  EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска – генерален менаџер на Камел 98 – Виница, Евгенија Ѓорѓиеска – извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо – Прилеп, Цветанка Илиева – генерален менаџер на Бистро Груп ДОО – Гевгелија, Ирена Јакимова – генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Клаудија Лутовска – генерален менаџер на Сеттим Консалтинг – Битола, Марија Патриклиска – менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД  – Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека  „Сара Фарм” – Скопје. Од регионот награди се доделени на Сања Путица – менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д –  Хрватска, Дариа Шуриќ – генерален менаџер на DarMell – Хрватска и Зорана Пејчиќ – генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување – Србија.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени” преку Марили Бизнис клубот спојува над 150 жени менаџерки кои соработуваат, се вмрежуваат, организираат хуманитарни настани, но и поттикнуваат млади жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Можете да прочитате

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%