Повеќе од јасно е дека се работи за изборен инжинеринг и закрупнување на неколку политички сили. Не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии. Тука се најглавните албански партии. А дали сме подготвени за во опозиција, по демократските правила, тоа не го кажувааат политичките чинители, тоа го кажува народот, кој гласаше на 8 мај за Европскиот фронт да презема одговорности и да биде дел од власта“ – вели Зијадин Села од Алијанса за Албанците во најновото издание на Трилинг.
Села смета дека „погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, треба да е мандатар со победник. Победникот од македонската страна е дефиниран со Устав. Демографската реалност е за да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората етничка заедница која е 30%, наспроти 54% кои се Македонците, според последниот попис“.
Тој посочи дека Владата треба „да се изјасни во врска со обидот за изборен инженеринг. Според Пржинскиот договор, на техничкиот премиер е да обезбеди фер и демократски избори. Тие не се надвор од одлуките кои се носат во ДИК и Управен суд. Техничката влада е договор на најголемите политички партии“
На прашање како Европскиот фронт ќе се однесува како опозиција во Собранието, Села вели „треба да се почитува желбата на граѓаните, не на Мицкоски. Ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа како ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од ДИК се уште не се објавени мандатите, кој колку има. Се уште Мицкоски не е мандатар“.
„Ништо не е спорно уставните измени да се случат, па да се формира Владата, како гаранција дека продолжуваме на тој пат. Бројки може да се обезбедат за гласање на уставни промени. Недостасуваше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, и ќе поминеа уставните промени“ вели тој.
„Претседателката почна со дипломатски инцидент. Треба да ги затвораме проблемите со соседите, а не да отвораме нови. Се надевам дека нема да се повторат такви грешки“.
Ставот на Села за најавите на Силјановска Давкова во предизборието дека ќе ги помилува осудените за упадот во Собрание на 27 април, доколку стане шефица на државата, е „Тие луѓе заслужено се таму каде што. Не треба да има помилување за такви луѓе. Тоа ќе биде голема грешка. Ќе се спротивставам доколку дојде до тоа“.