Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Македонија2025: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард

Sredba 8.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025.

На средбата, како што соопштија од ВМРО ДПМНЕ, беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада.

-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација. Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите. За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Среќна Нова Година од екипата на 24инфо!

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“