Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино за продажба на марихуана и кокаин

Droga 1.jpg
Dik 300x250 mk

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога.

За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана.

Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.   

Можете да прочитате

Сред бел ден со пиштол се заканувал на вработени во кафеана во Центар

Младо момче тешко повредено откако со автомобил излетал од патот

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух