Утрински Весник
Македонија

Бесплатен влез во музејските институции за Меѓународниот ден на музеите

Den Na Muzei 24.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Музеи за едукација и истражување” е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени.

Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз. 

Можете да прочитате

Д-р Панов: Бројот на срцеви или мозочни удари е статистички повисок за време на празниците, неопходна е внимателност

Жена измамена за 12100 евра со лажно посредување за купување куќа во Тетово

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови