Утрински Весник
Магазин

Поддршка на Кевин Спејси, колегите бараат на оскаровецот да му се дозволи да глуми

Kevin Spejsi.jpg

Шерон Стоун, Лиам Нисон и Стивен Фрај се само дел од актерите кои апелираа на нивниот колега и двократен оскаровец Кевин Спејси повторно да му биде дозволено да глуми.

Спејси не глумеше од 2017 година, кога беше обвинет за сексуално вознемирување и напад и отпуштен од актерската екипа на „House of Cards“.

Актерот минатата година беше прогласен за невин по сите точки од обвинението за сексуален напад на четворица мажи помеѓу 2001 и 2013 година, а во 2022 година судот отфрли уште едно обвинение против него.

Неговите колеги преку весникот Телеграф испратија порака за поддршка поради објавувањето на документарен филм на Канал 4, во кој неколку мажи сведочеа против него.

Спејси, кој доби Оскар за улогите во „Дежурни виновници“ и „Американска убавица“, ги отфрли сите обвинувања против него во филмот.

-Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да му се извинувам на некој што измислувал работи или преувеличувал приказни за мене – изјави Спејси во интервју за Ден Вутон.

Шерон Стоун рече дека едвај чека да го види Кевин повторно на работа.

-Тој е гениј. Тој е толку елегантен и забавен, дарежлив и знае повеќе за глумата отколку што повеќето од нас некогаш ќе знаат – изјави актерката.

Познатиот британски писател, актер и водител Стивен Фрај исто така го поддржа Спејси, велејќи дека тој можеби понекогаш бил „несмасен и непријатен“, но „како може да се оправда цел документарец да се посвети на обвинувања кои едноставно не одговараат на злосторствата “?

-Угледот му е уништен. Сигурно не е во ред да продолжиме да ја рушиме неговата репутација врз основа на реторика, а не на докази? Мислам дека ја плати цената – изјави Фрај.

Лиам Нисон вели дека „Кевин е добар и карактерен човек“.

– Тој има потреба од актерската индустрија и страшно и недостига – додаде Нисон.

Можете да прочитате

Ова е дневна доза на бадеми која лекарите ја сметаат за лек за мноштво тегоби

Како реагира нашето тело кога ќе престанеме да пиеме кафе?

На 3-ти септември млада Месечина во Девица: Почнува време на големи промени