Утрински Весник
Магазин

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

20240516160136 Big 730x400 5.webp.webp

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена, па можеби брзината на преводот „во реално време“ е една од највпечатливите нови одлики, велат познавачите.

За споредба, претходната верзија на „Чет-ГПТ“ се заснова само на можност за текст, а новата надградба вклучува интеграција на слики и глас. Имено, сега е можно да се фотографира текстот и „4о“ ќе може да го преведе она што „го гледа“, т.е. го чита од посочената слика, или пак, она што „го слуша“ во реално време меѓу двајца соговорници.

Така, ако на пример, говорите македонски, а разговарате со некој кој говори кинески, снимате гласовна порака на македонски што „Чет-ГПТ“ ќе може да ја преведува на кинески, и обратно. А, сѐ ова се одвива за само неколку секунди, и плус целиот разговор добива и пишан облик. Во опциите, може да се избере и „внесување емоции“ во разговорот.

Новата верзија на „Чет-ГПТ“ е достапна како десктоп-апликација која се покренува со притискање на едно копче на тастатурата.  

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста