Утрински Весник
Свет

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО

20240517110048 Big 730x400 99.webp.webp

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека се невозможни геополитичките проекти со НАТО и оти Москва нема доверба во Алијансата.

– Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивни одбивност, посочи Рјабков.

Тој додаде дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на рамноправна основа“. 

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада