Утрински Весник
Македонија

Родители влегле во школо нападнале наставничка и соученик на нивниот син

Skolo.jpg

Родители физички нападнале наставничка и соученик на нивниот син, вчера во Битола, соопшти полицијата.

На 15.05.2024 во СВР Битола, Р.М.(48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик.

Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р.Л. и Н.Л..

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Новинарите ќе се приклучат на утрешниот работнички протест

Митева: Значајни одлуки за напредокот на граѓаните, демократијата и европската иднина на државата тема на денешната владина седница

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото