Утрински Весник
Македонија

Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез” и Регионалниот центар за гранични работи Север

1 2 2.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на дешените работни активности министерот оствари работни средби со Оперативниот тим „Кафез” и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Оперативниот тим “Кафез” е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови. Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици кои работат во делот на потрагите и формирање на една централизирана единица за потраги заради поефикасно постапување.

„Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север функционираат полициските станици за граничен надзор и гранични проверки на северната граница кон Србија и Косово, аеродромот во Скопје и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Од страна на раководството бев запознаен со нивната работа и проблемите со кои се соочени и во тој контекст беше посочено дека има недостаток на кадар и возила, особено во делот на прекуграничниот криминал и странци. Во иднина треба да се изврши анализа на постоењето и ефикасноста на определени организациски единици во делот на граничниот надзор и да се предвиди нов и поефикасен начин на работа кој ќе се темели на користење на највисоките технолошки достигнувања.”, издвои министерот Тошковски.

Можете да прочитате

Собранието ја усвои потребата за укинување на „Пржинската влада“

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ