Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска Давкова со претставници на меѓународната конференција „ГРЕДИТ 2024″

Foto 2 Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими претставниците на петтата меѓународна конференција за зелен развој, зелена инфраструктура и зелени технологии „ГРЕДИТ 2024″ којашто од 16 до 18 мај се одржува во организација на Машинскиот факултет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во рамки на БЕНА – Балканската асоцијација за животна средина.

На средбата се разговараше за значењето на зелената агенда за регионот и пошироко како приоритет за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Соговорниците ѝ се заблагодарија на претседателката Сиљановска Давкова за можноста да ѝ ги пренесат своите размислувања и погледи во однос на состојбите и начините за остварување на одржлив развој на мултидисциплинарен начин.

Во таа насока, беше истакнато дека е значајна соработката меѓу сите чинители, носители на одлуки, експерти и активисти за придонес кон зелениот развој за позелена и поздрава иднина за сите.

Претседателката Сиљановска Давкова им посака успешна конференција и плодна работа изразувајќи уверување дека со своите трудови и идеи ќе придонесат за зелениот развој, зелената инфраструктура и зелената технологија во регионот и севкупно во светот.

Можете да прочитате

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта

Расправија меѓу малолетници прерасна во групна тепачка во Шуто Оризари