Утрински Весник
Економија

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

D0bbd0b8d0b4d0bb D0b2d0be D185d0bed0bbd0b0d0bdd0b4d0b8d198d0b0 D0bdd0b5d0bcd0b0 D0b4d0b0 D0bfd180d0bed0b4d0b0d0b2d0b0 D186d0b8d0b3d0b0 63d6d7c01c800.jpeg

– Над 130 компании од државава денеска биле запознаени со можностите за соработка со германски Лидл, кој веќе стартуваше со инвестиција за изградба на логистички центар во Куманово.

Од компанијата соопштија дека овој тип на соработка со локални компании е еден од нивните основни постулати во секоја земја каде работат.

Стефан Георгиев, директор на секторот за набавка во Лидл Северна Македонија, во пишана изјава вели дека основната идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните производствени капацитети и заеднички раст и развој со локалните партнери.

Иако, Лидл Северна Македонија се уште не е целосно оперативен, Георгиев посочува дека овој процес веќе активно функционира. Во октомври минатата година започнаа со проект за промоција на македонски традиционални производи во Лидл Србија и Лидл Бугарија, каде ги претставија македонскиот ајвар, пастрмајлијата, кочанскиот ориз, тиквешкото вино, македонското јагне и многу други производи.

– Извозот кој ќе го реализираме преку Лидл Северна Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји е во вредност повеќе од 2.000.000 евра или раст од четири пати во однос на минатата година. Вкусот на македонското овошје и зеленчук го направивме достапен до потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија. Од април 2023 до март 2024 година беа извезени преку 3 600 палети овошје и зеленчук. Во рамките на календарската 2024 година со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне 4 500 палети. Наведените примери и резултати се мотивација за нас и движечка сила за понатамошен успех, вели Георгиев.

Рубријан Хаџиев, генерален директор на Лидл Северна Македонија, пак, истакнува дека ќе бидат ценовно конкурентни, но оти основно ќе биде да соработуават со локалните компании.

-Брендот на Лидл е присутен во 31 земја. Како лидери во сегментот на секојдневно пазарување поставуваме стандарди кои ќе го зголемат квалитетот на понудата, а во исто време ќе бидеме ценовно конкурентни на пазарот. Но, основно за нас е да се соработува со локалните компании, посочува Хаџиев.

На 24 јануари годинава во индустриската зона Речица почна изградбата на логистичко-дистрибутивен центар. Најавената инвестиција е 80 милиони евра и треба да отвори повеќе од 150 работни места. Парцелата зафаќа површина од 170.997 метри квадратни, логистички центар од 63.000 метри квадратни и комплекс со главна зграда, административни канцеларии и напредна инфраструктура и ќе користи обновливи извори на енергија.

Во државава Лидл започна со инвестиција за изградба на логистички центар во Куманово.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk