Утрински Весник
Свет

Осум мртви, 40 повредени во сообраќајна несреќа на Флорида, уапсен пијан возач

Nesrekja Florida.jpg

Возач на пикап е уапсен на Флорида откако удрил во автобус полн со работници, при што загинале осум лица. Повредени се 40 лица. Возачот на камионот бил во алкохолизирана состојба.

Несреќата се случила околу 7 часот и 30 минути наутро по локално време, во автобусот имало 53 лица, а се стравува дека ќе има уште загинати бидејќи дел од повредените се во критична состојба.

По судир на пикап и автобус, автобусот излетал од патот, удрил во ограда и се превртел. На местото на несреќата многу брзо пристигнале повеќе од 30 возила на брза помош.

Во болница се пренесени вкупно 40 лица, од кои осум се тешко повредени и се во критична состојба. Во болница е хоспитализиран и возачот на камионот.

Истрагата за несреќата продолжува, а започната е и GoFundMe кампања за помош на семејствата на загинатите и на повредените.

Можете да прочитате

ИДФ ги предупреди Иранците до вечерва да не патуваат со воз

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран

Ирански министер повика со живи синџири да се штити инфраструктурата поради заканите од САД