Утрински Весник
Македонија

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Messenger Creation 0151a7f5 B64c 49f4 Bfad 8ef15d8524c9.jpeg

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на викендот кој доаѓа температурите во Македонија позначително ќе се покачат, па така тие на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат  и до 30 степени, локално и до 32, 33 степени.

Сепак, краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме само во петок и во сабота, веќе од недела попладне ни следува нов период на многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи. Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија поради најавениот топол бран, на повеќе места ќе се создадат услови за посилно невреме со силен ветер, обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења  и покрупен град.

Во Скопје за време на викендот исто така температурата позначително ќе се покачи и ќе се искачи до околу 30 степени. Но и во Скопскиот регион стабилно ќе биде само во петок и во сабота, додека од недела попладне повторно ќе биде многу нестабилно со чести врнежи и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер, електрични празнења пообилен пороен дожд и со услови за појава на град.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат