Утрински Весник
Свет

Девојче во САД злоставуванo до смрт од таткото и и маќеата кои ја држеле врзанa во подрум

2923e42a 9c15 4345 85e1 22e4378cd3db.jpg

Девојче од Пенсилванија починала по повеќемесечно мачење од страна на нејзиниот татко и маќеата, пишува Дејли мејл.

Малинда Хогланд (12) полицијата ја пронашла „едвај жива“ на 4 мај откако нејзиниот татко Рандал Хогланд повикал брза помош. Тврдел дека со велосипедот удрила во дрво. Малинда, која тежела само 22 килограми, починала неколку часа по пристигнувањето во болница. Персоналот бил шокиран од нејзината физичка состојба. Имала модринки, скршеници и оштетен црн дроб.

Хогланд (52) и неговата свршеница Синди Ворен (45) беа обвинети за нејзината смрт два дена подоцна.

Дејли меил ги прегледа објавите на парот на социјалните мрежи. Тие забележале дека таткото престанал да објавува фотографии од неа на почетокот на јануари, но продолжиле да објавуваат фотографии од неговиот син Гевин, за кој полицијата вели дека не бил малтретиран. Девојчето, пак, на последните фотографии кои ги објави нејзиниот татко изгледало слабо, а раката изгледала дека е покриена со модринки.

Полицијата соопшти дека Малинда престанала да оди на училиште во декември и често била врзана за мебелот во подрумот. Се појавувала на онлајн предавања, но била врзана за да не се гледа на камерата.

На видеата, кои парот ги избриша, наводно се гледа степенот на малтретирање на девојчето. На некои од нив Малинда била принудена да спие на под, без перница или ќебе. И кажале дека не треба да очекува појадок, ручек или вечера. Тие, исто така, наводно ги избришале пораките пред да се јават во итната помош. Меѓутоа, полицијата успеала да ги врати пораките во кои се разговарало за влошување на нејзината здравствена состојба.

И двајцата се обвинети за обид за убиство, напад и киднапирање, а истражителите велат дека се можни дополнителни обвиненија, вклучително и за убиство.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години