Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Хаос во Парламентот на Грузија: Усвоен спорниот закон за странски агенти

Capture 8.jpg

Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“ и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да се приклучи на блокот.

Пред почетокот на гласањето на законот во грузискиот парламент дојде до конфликт.

Новиот закон ќе бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“ или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија кои Кремљ ги користел за да ја задуши опозицијата и граѓанското општество.

Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.

Грузискиот сон, владејачката партија која го протурка законот, возврати на критиките, велејќи дека овој потег ќе ја промовира транспарентноста и националниот суверенитет.

Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати нацртот до претседателот Саломе Зурабичвили, кој веќе вети дека ќе стави вето. Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го отфрли нејзиниот приговор со просто мнозинство.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња