Утрински Весник
Свет

Меѓународен суд на правдата: Во четврток и петок сослушувања за новите мерки поради израелските напади на Рафа

Sud hag.jpg

Меѓународниот суд на правдата на ОН (МСП) во четврток и петок ќе одржи сослушувања за новите итни мерки што ги побара Јужноафриканската Република поради израелските напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Сослушувањата на 16 и 17 мај ќе се однесуваат на барањето на Јужна Африка до судот да нареди дополнителни итни мерки против Израел поради нападот во Рафа, соопшти Трибуналот.

Барањето е дел од тековната постапка што Јужна Африка ја започна против Израел во јануари, обвинувајќи ја земјата за геноцид врз Палестинците во Газа, пренесува Ал Џезира.

Во неделата, Египет им се придружи на Турција и Колумбија во формално барање да се приклучат на процесот против Израел.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во пожарот на филипинскиот траект се зголеми на 76

Моди: Реформата на Советот за безбедност на ОН повеќе не може да се одложува

Иран соопшти дека арапските министри за надворешни работи в понеделник во Оман ќе потпишат договор за пловидба низ Ормуз