Утрински Весник
Магазин

Како брзо и ефикасно да се справувите со главоболката

Ivan Aleksic Hko Iwhydye Unsplash Scaled.jpg

Веројатно многупати досега сте почувствувале главоболка и добро ви е познато чувството на висок притисок во главата и болката во слепоочниците која ви носи дополнителна напнатост. Како се справувате во вакви случаи? Најверојатно се затворате во темна просторија, пиете лекови и се обидувате да заспиете чекајќи да помине болката.

Постојаните мигрени и главоболки бараат лекарски преглед и консултација со експерти. Но, ако вашето општо здравје е добро, а понекогаш чувствувате главоболка, ви споделуваме едноставен и сосема природен третман кој може да ја олесни вашата болка.

Потребни ви се есенцијални масла и малку вода. Бројните истражувања покажале дека маслата од нане и лаванда се најкорисни за ублажување на главоболката – имаат релаксирачки својства што може да помогнат во ублажување на болката. Само внимавајте да не го нанесете маслото во близина на вашите очи.

Ароматерапијата со лаванда може, исто така, да биде и ефикасен и безбеден начин за ублажување на главоболката. Нанесете мала количина од маслото на дланките, протријте ги рацете, а потоа вдишете го мирисот.

Освен етерични масла, доколку се соочувате со главоболка, можете да користите ладна облога, но неопходно е и да внесувате доволно количество вода секој ден, бидејќи дехидратацијата е една од најчестите причини за главоболка.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност