Утрински Весник
Македонија

УКИМ остана на 1.990-то место на листата најдобри 2.000 универзитети во светот

Ukim Kampus 715x400 1.jpg
Dik 300x250 mk

Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1.990 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и сеуште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на рангирањето на CWUR кој ја прави ранг листата секоја година според четири фактори: образование, можност за вработување, настава и истражување. Во оваа година биле рангирани 20.996 универзитети, а од сите тие на лустата се најдоа најдобрите 2.000. УКИМ во споредба со минатите години, бележи пад од 26 места за разлика од 2022 година. Од 2021 година падот е за 46 места, или за пет години УКИМ на оваа листа паднал за дури 174 места. Петте најдобро рангирани универзитети во светот, според листата на CWUR, се универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд (од САД), Кембриџ и Оксфорд (Велика Британија). Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети. Од Хрватска на рангирањето се најдоа 4 високообразовни институции. На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!